ФОТО: Капитален проект за Скопје - исполнето ветување кое ќе овозможи поголема безбедност во сообраќајот

Проширувањето и реконструкцијата на третиот дел од булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“ е уште еден капитален проект на Градот Скопје, а поддржан од Владата на Република Македонија, кој ќе допринесе за поголема безбедност во сообраќајот. 

На отварањето на проширениот дел, денеска присуствуваа претседателот на Владата на република Македонија, Никола Груевски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, советници, како и голем број на јавни личности. 

-Со проширувањето на оваа делница од булеварот долга 1.600 метри, се формирани 4 коловозни ленти, по две во секоја насока. Делницата е асфалтирана на вкупна површина од 9.550 квадранти метри кои што се покриени со павер-елементи, истакна градоначалникот Трајановски.

Премиерот Груевски истакна дека за само неколку години се реализираше она што долги години наназад се зборуваше, се полемизираше, се ветуваше, се планираше.: - Градоначалникот Коце Трајановски и оваа постава во Град Скопје навреме си ја фатија својата работа. Направија проект , ги поминаа сите потребни процедури и во три фази од 2011-2015 година целосно го изградија булеварот. Честитки за тоа. Со ова се исполни уште едно ветување дадено на граѓаните, истакна Груевски.

Според премиерот Груевски, ова е само еден во низата капитални проекти.

 

 

Оцени ја веста

26.05.2015 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега