Владините мерки даваат резултати: „Амфенол“ вработи 100 млади лица

Преку активните мерки за вработување, американската инвестиција Амфенол во фабриката во Кочани вработила 100- тина млади до 29 години. Склучиле и договор со Техничкото училиште во Кочани за профилирање соодветни кадри. Ќе го користат и тренинг- центарот на Агенцијата за вработување, за преквалификација и обука.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски и менаџерскиот тим на кочанската компанија Амфенол на денешната прес-конференција ги претставија можностите за вработување и поволностите што ги нуди Владата преку Агенцијата, посебно во странските компании, пренесува МИА.

- Цел ни е да ги претставиме сите оние мерки и можности што ги нуди Владата преку Агенцијата за вработување, пред се проектот Македонија вработува, во кој што самата компанија Амфенол од Кочани има искористено поголем број на вработувања врз основа на вработување на млади кадри невработени до 29 години. Со оваа мерка на Владата од март 2014 година досега во оваа компанија се вработени 100 лица, истакна Поповски.

Соработката со компанијата Амфенол, како што рече Поповски, ќе продолжи и понатаму.

- Ние ќе им помагаме за остварување на обука и ќе бидеме тренинг партнер. Ова е повик до сите граѓани од РМ да учествуваат во активните мерки за вработување на Агенцијата. Настојуваме на сите оние компании кои и ја дадоа довербата на Владата и Агенцијата за обезбедување работна сила да им помогнеме, истакна директорот на АВРМ.

Наскоро, најави Поповски ќе започне и обуката за општи вештини, за странски јазици,а ќе обезбедиме и пакет за секој невработен од 1.100 до 1.800 евра за добивање на знаење од Аити вештини.

Раководителот на менаџерскиот тим на кочански Амфенол Сашко Наков истакна дека тие одлично соработуваат со АВРМ и ги користат активните мерки за зголемување на вработувањето.По овој основ вработивме 100 лица до 29 години.

- Соработката ќе продолжи со профилирање на кадри што би било корисно за производството. Деновиве склучивме договор со техничкото училиште од Кочани за изведување на практичната работа кај нас и образување на кадри кои поодоцна ќе ги вработиме, истакна Наков.

Раководителот на Агенцијата за вработување од Кочани Звонко Паунов истакна дека тие одлично соработуваат со странските инвеститори во Кочани како што се Амфенол и Антура. Во Амфенол со мерките на Владата до 29 години се вработени 100 лица, додека во Антура 59 млади невработени лица.

 

 

Оцени ја веста

26.05.2015 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега