Татко на малолетно дете го продава бубрегот - поплавата му земала се што имал

Молер од Србија го продава бубрегот за да може да го издржува семејството. Куќата која се наоѓа во Трстеник му настрадала во минатогодишните поплави во Србија.

На ваков потег се одлучуваат некои луѓе, кои за жал, излезот од финансиска крза го гледаат само во продавање на здрави органи.  Цената за бубрег на црните пазари се движи од 7.000 до 55.000 евра. На порталите за огласи во Србија, се наоѓаат десетици вакви понуди. 

„Татко сум на две деца, од кои едното е врвен спортист- Балкански и троструки српски првак во карате. Поради тоа што не можам да го исплатам неговото спортско и образовно напредување, спремен сум да го продадам бубрегот.“- се вели во еден од огласите, пренесува kurir.rs.

Од Министерството за здравство на Србија кажуваат дека трговијата со органи е забранета и претставува казниво дело, со казна затвор од 2 до 15 години. 

 

 

Оцени ја веста

27.05.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега