Тетовчанец ќе лежи шест години во Идризово - што направил?

Во текот на вчерашниот ден двајца тетовчани завршија во затвор. Во првиот случај СВР Тетово го лиши од слобода 32-годишниот К.М. кој со судска наредба се барал за издржување затворска казна од 6 и пол години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Исто така, вчера СВР Тетово го лиши од слобода 32-годишниот Л.А. од Пршовце, тетовско, кој со судска наредба се барал за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „недозволено  изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Истите се спроведени во затворот Идризово.

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега