Наскоро ќе го соопштува само бројот на новороденчиња, но не и полот

Новиот директор на Клиничкиот центар на Црна Гора, Ранко Лазовиќ изјави дека во иднина ќе беде соопштуван само бројот на новородени деца, но не и нивниот пол, бидејќи според него тоа е дискриминација, јави Танјуг. 

- Обичај во светот е да се соопшти бројот на новороденчиња и ништо повеќе. Сметам дека децата од машки и женски пол се целосно еднакви, имаат еден и ист статус и зтаоа не треба да има дискриминација по пол, нагласи Лазовиќ. 

Иако граѓанското здружение „Родители“ вели дека не е јасно зошто тоа е дискриминација, социолизите ја поздравуваат одлуката на Лазовиќ. 

Црна Гора заедно со Албанија, Азербејџан и Ерменија, е земја со најголем дисбаланс меѓу децата од машки и женски пол. Статистиката покажува дека во Црна Гора се раѓаат 100 девојчиња на 110 момчиња, додека природниот баланс е 100 на 102 до 104

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега