Развиени општини предуслов за развој на локалниот економски развој

Претставници од бизнис секторот, локалните самоуправи и од надлежните владини институции денеска во Скопје дебатираа како да се остварат поблиски контакти меѓу општините и бизнисмените и да се создадат поволни услови за водење бизнис и инвестирање.

Досега, Велес и Струмица имаат добиено бизнис сертификат за поволно деловно окружување, додека општината Штип е во завршна фаза. Процесот на сертификација кој опфаќа исполнување на 12 критеируми веќе го имаат започнато Прилеп, Гази Баба, Богданци и Град Скопје.

- Од понеделник очекуваме да излезе и новиот оглас каде се надеваме дека уште општини ќе се пријават за сертификација. Ова е еден долготраен процес кој ќе успее да ги сплоти пред се внатрешните структури на општините и да ги преструктуира, а потоа да ги обедини со бизнисите и да овозможи отворање нови инвестиции и вработувања, изјави Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС.

Според претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска, за бизнисот е важно да се зголеми бројот на инвестиции и во останатите региони од државата, а не да се концентрира само во Скопскиот регион.

- Општините се многу важни за развојот на бизнисот кој има потреба од решавање на секојдневните предизвици. Тоа е многу важно во ова време кога сакаме да ги анимираме општините да се посветат на зголемување на инвестиците и на подобрување на условите за водење бизнис, истакна Арсовска. 

Заменик-министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов посочи дека се преземаат мерки за унапредување на локалниот економски развој.

- Од осумте плански региони во Македонија,  веќе во пет имаме формирано бизнис центри, додека останатите три се во фаза на подготвока и ќе бидат отворени во текот на годинава. Нивната цел  е да направат анализа на целиот регион и да видат кои се неговите потецијали...,  рече Пренџов.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски смета дека за добри инвестиции важен е и добро подготвениот човечки капитал

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега