Го нашле во крв- детенце почина на гробишта

Надгробна плоча усмрти детенце откако падна врз неговата глава. Осумгодишното дете си играло на гробиштата во Глазгов, Шкотска, заедно со другарчиња. За жал во тој период немало ниту еден посетител, бидејќи гробиштата биле затворени. Играјќи си децата се качиле на дрво. Кога сакале да слезат, скокнале над една надгробна плоча, по што таа почнала да се ниша и на крајот падна врз детенцето задавајќи му тешки повреди.

За настанот сведочи негово другарче:

„Се провнавме преку дупка во ѕидот од гробиштата. Тројцата се качивме, па кога сакавме да слезиме, скокнавме на плочата, која се заниша и падна над нас. На врвот имаше некој триаголник кој падна и го удри Киран по глава, а мене по грбот. Киран падна, а од очите и устата му течеше крв. Трчав да ги викнам неговата мајка и очув.“

Несреќното детенце, итно било пренесено во болница, но за жал, брзо починало. 

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега