Куманово: Се скарале пред кафич, па го избол со нож

Вчера вечер околу 21:00 часот пред кафе бар „Ретро кафе“ во Куманово дошло до расправија помеѓу лицата 29-годишниот А.М. и 40-годишниот Ш.И.  која крваво завршила.

Имено, Ш.И. физички го нападнал А.М. и со нож му нанел убодна рана во пределот на вратот, а потоа го напуштил лице местото.

А.М. е пренесен во Медицинскиот центар во Куманово каде му е констатирана телесна повреда и е задржан на лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

Оцени ја веста

29.05.2015 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега