Нападнати и ограбени сириски мигранти кај Гевгелија

Пет сириски мигранти вчера биле нападнати и ограбени од група лица во село Смоквица, Гевгелиско. 

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 10:30 часот во Полициската станица Гевгелија. Петте сириски државјани, кои илегално ја преминале грчко-македонската граница, истиот ден околу 01:20 часот во с.Смоквица биле физички нападнати од страна на 7-8 засега непознати лица. Напаѓачите од мигрантите одзеле 1.000 евра и три мобилни телефони. 

Од страна на итна медицинска помош тие биле пренесени во Медицинскиот центар Гевгелија, каде полициски службеници обавиле разговор со нив.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

 

Оцени ја веста

29.05.2015 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега