Грција сака договор со кредиторите до недела

Грција има за цел да постигне договор со нејзините кредитори најдоцна до недела, што ќе и овозможи да ја добие последната транша од помошта, која и е крајно неопходна за одржување на ликвидноста, јавија грчките медиуми.

Портпаролот на грчката Влада, Гаврил Сакеларидис изјави дека ваквиот оптимизам на грчката Влада не е без основа и дека се базира на „одредени факти“. 

- Одиме на преговори со цел да постигнеме договор со нашите партнери до недела, изјави Сакеларидис, додавајќи дека Грција е на ставот дека се „надѕира  моментот за подтигнување договор“.

Ваквата изјава на Сакеларидис уследи само еден ден откако грчкиот премиер Алексис Ципрас влера најави дека Грција е близу до договор со нејзините кредитори и дека преговорите влегле во финална фаза.

- Направивме многу чекори и сега сме во финална фаза. Близу сме до договор, изјави Ципрас по вчерашната рунда разговори со кредиторите во Министерството за финансии во Атина, кои продолжуваат и денеска.

На изјавата на Ципрас реагираше неименуван германски официјален претставник, кој изрази зачуденост од оптимизмот на грчкиот премиер, додавајќи дека е малку веројатно оти преговорите ќе доведат до договор во скоро време

 

 

Оцени ја веста

29.05.2015 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега