Maкедонија на врвот во Европа по број на отворени работни места од странски инвеститори

Македонија е лидер во Европа според бројот на новосоздадени работни места од страна на странските инвеститори во 2014 година.

Според извештајот на реномираниот Ernst & Young за European FDI Attractiveness survey, Македонија лани имала за 223% повеќе новоотворнеи работни места од страна на странските инвеститори споредено со 2013 година, пренесе Економски.мк.

Следна на табелата е Словачка која има двојно помал раст од Македонија, 128%. Србија лани имала пад од 58% во бројот на ново создадени работни места.

Според овој извештај, во 2013 во земјава имало 1.156 новоотворени работни места од страна на странски инвеститори. Бројката во 2014 изнесувала 5.020, што ја прави Македонија магнет по привлекувањето странски инвеститори кои отвораат нови работни места.

biznisrajj

Економски.мк: 2014 година – одлична за инвестициите во Европа

Според овој извештај, 2014 година била рекордна по странските инвестиции воопшто во Европа. Тоа значи дека Македонија е земја која најдобро ги искористила можностите за да профитира од странските инвеститори.

Ернст енд Јанг анализирале 43 држави во Европа. Бројот на проекти во нив е зголемен за 10% или отворени се 4.341 нови проекти кои помогнаа да бидат отворени 185.583 нови работни места или близу 20.000 повеќе од 2013 година.

Земјите во регионот учат од Македонија

Според политиките за привлекување странски инвестиции, земјава стана пример во регионот. Другите земји прават обиди за копирање на овие политики. Тоа неодамна го призна и српскиот премиер Алексаднар Вучиќ кој изјави дека неговата Влада ќе учи од макеоднската.

Трендот на раст на новосоздадените работни места од страна на странските компоании ќе продолжи и годинава. Засега извесно е дека најмалку шест нови конмапии ќе почнат со работа во наредените месеци, а уште десетина инвеститори градат нови објекти во зоните низ земјава.

 

 

Оцени ја веста

30.05.2015 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега