„Децата гледаа како ме тепа и силува секој ден“

Шест од седум години од животот со таткото на нејзиното дете, како што вели Србинката Ивана. Ѓ биле пекол - како за неа, така и за децата кои често биле сведоци на злоставување.

Теророт започна во деветиот месец на бременоста со првата ќерка. Во врска бевме околу година дена. Сепак, вистинското лице го покажа подоцна, се сеќава Ивана.

Поранешниот партнер го нарекува “татко на моите деца“. Неговото име не сака да го изговори. Се обидува да го заборави.

Малтретирањето и ќотекот од ден за ден станувал се почест и поинтезивен. Ниту децата не биле изоставени. Нејзиниот маж ја злоставувал и се иживувал врз неа. Ја тепал, навредувал, малтретирал...

-Секојдневно ме тепаше. Најголемиот ќотек го јадев кога беше пијан. Но и без алкохол беше агресивен. Боледуваше од менингитис и мислам дека болеста му остави трајни последици, раскажува Ивана, при тоа додавајќи дека за теророт кој го преживувала сведочеле и децата. 

Таа признава дека тој секојдневно ја малтретирал и физички и психички, при тоа не бирајќи место и време. Сексуално ја злоставувал и пред очите на децата. 

По тешкото породување со втората ќерка, Ивана паднала во постпородилна депресија.

-Само четирите ѕида во мојот дом знаат што преживував кога ја напуштив болницата, признала Ивана, која по шестгодишното малтретирање конечно решила да ја оттргне рацете од насилникот. 

Побарала помош од полицијата и била сместена во сигурносна куќа.

-Се согласив на помош се со цел да се стабилизирам и психички и физички за да можам да имам нормален живот со моите две деца. Секако, последиците од стресовите кои ги преживеав како и од ќотекот се долготрајни. Но, морам да се држам до терапијата која ми ја препиша докторот и психологот. Се надевам дека ќе успеам да им пружам нормален живот на моите деца. Се уште живеам во страв дека тој ќе се појави од некаде. Во овој момент најважно ми е тој да не биде дел од мојот нов живот, изјавил за крај Ивана. 

 

 

Оцени ја веста

30.05.2015 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега