МВР и УЈП направија чистка во Тетово - затворени три обложувалници

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, во соработка со инспектори од Управата за јавни приходи Скопје, вчера попладне спроведоа заедничка акциска контрола во три спортски обложувалници во Тетово, кои нелегално, односно незаконски работеле без потребните лиценци.

При тоа, од контролираните објекти одземени се 17 телевизори, 8 компјутери, 9 монитори, 7 принтери и 95.570 денари.

Одземената опрема пренесена е во Секторот за внатрешни работи Тетово за натамошна постапка, додека против сопствениците на „дивите“ обложувалници ќе следуваат соодветни пријави согласно Законот за приредување игри на среќа ( член 156 ).

Покрај ова, на објектите им е изречена и забрана за вршење на дејност. Инаку, на крајот на минатиот месец,  ваква акциска контрола беше спроведена и во 5 обложувалници во тетовските села Пирок, Боговиње и Камењане, а во која, исто така, беше одземена  различен вид опрема ( компјутери, телевизори, принтери, печатачи и друго ).

 

 

Оцени ја веста

30.05.2015 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега