ЕУ бледее - по Велика Британија и Франција и во Србија падна интересот

Граѓаните на Србија се помалку ја поддржуваат европската интеграција, а евроскептицизмот е вопораст, покажало највното истражување на агенцијата „Фактор плус“.

Дури 44% од испитаниците одговориле дека веќе немаат трпеливост за процесот на пристапување на ЕУ, додека потврдно на ова прашање одговориле 36%.

Политичките аналитичари Дејан Вук Станковиќ вели дека истражувањето покажува дека „Србија не е веќе воземјите на европска еуфорија и ентузијазми, туку еврореалисти“.

Тоа е доказ колку е ризично да се води европската политика во Србија. Доследната европска политика не е нешто што во Србија денеска има висок степен на поддршка и тоа е тест за актуелната власт која е отворено проевропски ориентирана.

„Скенирањето“ на јавното мислење покажало дека и СНС и понатаму има стабилна поддршка од 50,6% од граѓаните, што според зборовите на Станковиќ  високиот степен на доверба во власта покажува и кризата во опозицијата. Зад нив е SPS со 9,5%, DS има седум, a радикалите се со 6,1%.

На прашањето дали го одобрувате тоа што го работат политичарите, најмногу позитивни одговори добил Александар Вучиќ со 56%. Зад него се ТОмислав Николиќ, Ивица Дачиќ и Зоран Михајловиќ. Лидерот на ДС Бојан Пајтиќ е на седмото место, а Воислав Шешељ на деветото.

 

Кога би биле одржани избори во недела, одзивот би бил 47%. Сигурно не би излегле 25%, а останатит не се сигурни.

 

 

Оцени ја веста

30.05.2015 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега