Може се само српско знаме не!

Најновата забрана на истакнување на знамиња на Република Србија на свадба во Црна Гора предизвика големи полемики. Српските знамиња во соседните држави се можни само со истовремено истакнување на домашните знамиња, во спротивно следи казна.

Минатиот викенд, на две свадби во Колашино, младоженците со поклоните добија и казни! Поради тоа што на ресторанот „Планинар“ истакнале знаме на Република Србија, полицијата побарала веднаш да се отстрани, а славениците ги чекала казна од судијата за прекршоци.

 

 Иако станува збор за точка од црногорскиот закон за државни симболи, кој забранува истакнување на странски знамиња без знамето на Црна Гора, многумина ова го оценија како тренирање на строгоста на црногорските власти над Србите.

 

 

Оцени ја веста

30.05.2015 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега