Владата објави повик за економски промотери во Индијанаполис и Монтреал

Владата на Република Македонија активно се заложува за привлекување и зголемување на бројот на странски директни инвестиции, со цел подобрување на економскиот раст како и отворање на нови работни места.

За таа цел, како што информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, Владата на Република Македонија преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот објавува оглас за пројавување на интерес за економски промотори во Индијанаполис (САД) и Монтреал (Канада).

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

-Висока стручна спрема,

-Релевантно работно искуство од најмалку две години по завршувањето на високото образование,

-Одлично познавање на англискиот јазик за позицијата во Индианаполис, САД,

-Одлично познавање на англискиот и францускиот јазик за Монтреал, Канада,

-Способност за презентација, комуникациски вештини и тимска работа,

-Способност за покренување иницијатива, проактивност и работа под притисок.

Ѓорѓиев истакна дека сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават резиме (CV) со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум 500 зборови) во кое задолжително треба да биде наведено за која земја аплицира.

Пријавите може да се достават по е-маил: ekonomski_promotori@investinmacedonia.comили по пошта или директно во архива на адреса:

Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија

Ул. „Никола Вапцаров“ бр:7

1000 Скопје, Република Македонија

Рокот за доставување на пријавите е 19.06.2015 година.

 

 

Оцени ја веста

30.05.2015 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега