Почина синот на потпретседателот на САД

Бју Бајден, најстариот син на потпретседателот на САД- Џо Бајден, почина синоќа на 46 годишна возраст. Причината за смртта е тумор на мозокот, а тажната вест ја соопшти лично Џо Бајден.

Претседателот Обама заедно со својата сопруга Мишел, изразија големо жалење, бидејќи Бју го сметале за голем пријател.

Бју зад себе ја остави сопругата Хали и двете деца- Натали и Хантер.

Првиот сериозен здравствен проблем го имал во 2010 година, кога претрпел благ мозочен удар. Подоцна му е дијагностициран рак, а во 2013 година се повлече од јавноста.

 Синот на Бајден учествувал во американската инвазија на Ирак, по што станал главен државен адвокат во сојузната држава Делавар.

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега