Со проектот трансформација 2667 луѓе се вработија досега

Министерството за финансии издаде согласност за трансформација на договорниот во редовен работен однос на 2667 лица кои работат во институциите на државата.

Мерката напредува солидно, вели ресорниот министер Ставрески кој очекува по докомплетирањето на документацијата околу 3500 луѓе да добијат редовно вработување, пренесе Сител.

- Најголем број од нив има во здравството. Околу 1360 лица, потоа социјалната заштита и детските градинки каде што околу 500 лица им се трансформираше работниот однос. Во образванието имаме 277 лица. По градови, во Скопје имаме околу 1600, но и значителен број во внатрешноста. На пример во Битола 194, Прилеп 117, Охрид и Тетово по 100, и има и во сите други градови, изјави за Сител министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески.

Со мерката редовно вработување добиваат луѓе кои во меѓувреме стекнале и над десетгодишно искуство во работењето за државата,  а, како што вели вицепремиерот, сега добиваат поголема социјална сигурност.

- Самите лица кои долги години беа во работен однос со определено време, со договор или волонтираа во институциите, а извршуваа значајни работи затие инситуции. Сега стекнуваат редовен работен однос, што значи поголема сигурност, стабилност за нив и нивните семејства, а со тоа и поголема мотивираност да работат.

Од друга страна, со трансформацијата на работниот однос бенефит за државата е што добива искусен кадар со што ќе го подигне квалитетот на работа на институциите.

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега