Додека Заев бара власт без избори, во СДСМ почнаа комбинаторики за нов лидер

Мрачното сценарио на Зоран Заев доживува дебакл. Граѓаните ги препознаа и не ги одобрија неговите обиди за дестабилизација на земјата, за укочување на економскиот развој, за поткопување на државните темели и уставно правен поредок, пишува Република.

Додека Заев продолжува да се бламира и политички да тоне, во најголемата опозициска партија се поинтензивно почнуваат да се прават, но и да се зборуваат комбинаторики за нов лидер на партијата.

Во СДСМ владее прикриена криза која во идните денови ќе добие посилна форма и ќе биде повидлива. Јасно е дека човек што бесрамно бара мито од бизнисмен во висина од 200. 000 евра и што има такви антидржавни однесувања и ставови за федерализација на Македонија и откажување од идентитетските прашања во разговорите со Грција, не може да биде лидер на СДСМ, велат извори од „Павел Шатев“, пренесува Република.

Истите извори потврдуваат дека во СДСМ владее став дека покрај Заев треба да биде заменета и Радмила Шекеринска, особено заради аферата со плаќањето веројатно фиктивни кирии во висина од над 320. 000 евра од Дајнерс, за закупот на сопствените станови на семејството Јанковски-Шекеринска. Компанијата Дајнерс неколку недели молчи за овој скандал иако медиумите бараа одговор од компанијата.

Во СДСМ биле незадоволни затоа што Заев премногу ги кренал очекувањата на членството, иако бил советуван тоа да не го прави. Секојдневие на „Павел Шатев“ во изминативе месеци било лицитирањето со позиции и функции. Заев ги убедувал и манипулирал членовите дека на 18 мај веќе СДСМ ќе биде власт, а тие ќе раководат со државата.

Токму тие преголеми очекувања и манипулациите сега му се враќаат како бумеранг на Заев, заканувајќи се дека ќе ја урнат неговата политичка кариера.

И од ВМРО-ДПМНЕ веќе му порачуваат дека е готово.

Првичните комбинаторики во преден план за нов лидер на СДСМ ги исфрлуваат Стево Пендаровски, Гордан Георгиев и Игор Ивановски, објави порталот

Секој од нив има свои предности но и недостатоци помеѓу членовите на СДСМ. Пендаровски си нанесе тешка политичка штета со навредливите изјави во кои граѓаните ги споредуваше со овци и животни, Гордан Георгиев пак бил повеќе заинтересиран за невладиниот сектор и неговото име се шпекулира за нов лидер на Сорос, а Ивановски го носи бремето на неговиот ментор Бранко Црвенковски. Но нивните имиња се вртеле на „Павел Шатев“.

Упатени во партиските состојби велат дека на Заев му е јасно дека неговиот трон е разнишан. Во негов стил тој како последен свој адут го имал предизвикувањето на меѓуетнички тензии во обид да создаде хаос и на тој начин да проба да ја продолжи својата кариера, барем во партијата, велат нашите извори. Ова намера беше демаскирана и е тешко веројатно дека ќе се изведе, иако не може во целост да се исклучи.

Во меѓувреме Заев и Шекеринска, велат извори од СДСМ применуваат една друга тактика, во која повторно во обид да ги задржат симпатиите помеѓу членството и да ја вратат нарушената доверба во партијата, преку нивни блиски медиуми и внатре во партијата пласираат теза дека СДСМ без власт ќе дојдела на избори преку некаква преодна или техничка влада, и продолжуваат да го лажат членството дека тоа е возможно, пренесе Република.

Оваа најнова манипулација на Заев наишла на потсмев меѓу членовите, но е оценета како несериозна и неостварлива и од експертите и познавачите на состојбите.

Па ако ВМРО-ДПМНЕ сакаше да прифати техничка влада ќе прифатеше таква работа пред Заев да почнеше да ги објавува т.н бомби, а не пак сега кога Заев се испука и се виде дека во тие бомби нема ништо конкретно и кога е јасно дека сдсм губи здив . Зошто ВМРО – ДПМНЕ четири месеци трпеше агресија ако сега прифати техничка влада? Тоа што се лажат во СДСМ е нерално. Тое е ниту возможно ниту пак некој од меѓународната заедница ќе инсистира на тоа, велат експертите.

Со овие манипулации Заев продолжува да го залажува членството затоа што мотивацијата им е падната на низок степен и тие се погласно го осудуваат Заев дека ја води партијата во пропаст посебно со изјавите дека ќе ја федерализира државата и со низата неприкладни постапки во Куманово, но и заради позицијата на свиткана кичма која ја форсира за откажување од идентитетот во разговорите со Грција.

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега