Немој да си го изгаснал пожарот - совесен скопјанец место награда добил фрлен камен

На  30.05.2015 година во 11.30 часот во полициската станица -Гази Баба, четириесет годишниот Е.А. од с.Синѓелиќ пријавил дека истиот ден околу 10.30 часот неговиот син забелажал дека покрај ѕиданата ограда на колонијална продавница во с.Синѓелиќ избувнал пожар, при што гореле фолии и кокошарник, по што истиот се обидел да го локализира пожарот, но кај оградата се појавил Х.Ќ.(42) кој му се заканил да не го гаси пожарот. Истиот замавнал со камен со цел да го удри, но не успеал.

Имено, Х.Ќ. неколку пати ги предупредил Е.А. и неговиот син да го тргнат кокошарникот инаку ќе ги запали, но истите не превземале ништо. Извршен е комплетен увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега