Познат идентитетот на загинатиот кај Стража

Во страшна сообраќајна несреќа кај Стража вчера животот го загуби едно лице.

На 30.05.2015 година околу 16,10 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево на 2 км од „Мавровска раскрсница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу „Форд Фокус“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Хаки Џ. (51) од с.Чајле и минибус „Мерцедес“ струшки регистарски ознаки управувано од В.Ш.(66) од с.Велешта – Струга

При несреќата на местото на настанот починал возачот на моторното возило Хаки Џ., а со повреди се здобиле сопатниците во  минибусот: Ф.Б.(26) од  с.Србица - Кичево и Д.Л.(35) од с.Вевчани-Струга.

На истите им била укажана лекарска помош во УЦ-Гостивар. Увид извршиле ЈО и увидна екипа на СВР-Тетово, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега