Градскиот татко со шеќер „се справува“ со сообраќајните несреќи

Градоначалникот на Нова Загора, Николај Грозев донесе одлука на улиците на бугарскиот град да се истурат 50 килограми шеќер за да се „избрка несреќата“.

- Одлуката е донесена по неколку тешки сообраќајни несреќи. Иницијативата се заснова на старо верување според кое злата коб ќе исчезне ако на патот се истури шеќер, се наведува во соопштението на градскиот совет на Нова Загора.

Четворица, од кои две деца загинаа, а шест се повредени во сообраќајни несреќи за помалку од една недела во близина на Нова Загора, град со околу 25.000 жители во централна Бугарија. 

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега