„СДСМ може да бира премиер и министри само ако добие доверба од народот“

Медиумите блиски до опозицијата изминатиов период објавуваа текстови во кои велат дека техничка влада ќе биде договорена и во неа Груевски нема да биде премиер, а дел од клучните министерства ќе ги добијат лица на СДСМ.

Во текот на овој ден медиумите на СДСМ пишуваат дека ќе биде формирана егзикутивна комисија која би функционирала како Влада.

Премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање за оваа тема истакна дека не може да даде ниту сериозен одговор за да не го сфатат погрешно, а на оваа тема не би било да се смее.

-Она што можам да го кажам е дека СДСМ мора да научи дека не може да биде ниту премиер ниту министри, се додека не ја добие довербата од народот на избори. Само тогаш ќе може да се формира Влада со свој премиер и министри, но ќе мора да добие поддршка од граѓаните, истакна Груевски.

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа