Слаѓана се удавила додека се обидувала да го спаси синот

Слаѓана В. (32) се удавила во базенот во Инзбурк додека се обидувала да го спаси своето шестгодишно синче кое оддеднаш потонало во водата. Трагедијата се случила во петокот кога жената дошла со своите две деца од шест и девет години и нивните две школски другарчиња да се бањаат во базенот во Сефелд.

Децата веднаш сакале да се избањаат и сите скокнале во вода. Меѓутоа едното дете почнало да се дави и да голта вода во паника. Кога потонало мајката веднаш се нурнала по него. Но, од сеуште непозната причина останала да лежи на дното на базенот.

Тогаш децата почнале да вриштат и да викаат по помош. Четворица спасувачи кои работеле во базенот веднаш скокнале во вода и ги извлекле најпрво децата а потоа и Слаѓана.

 Но сите нивни обиди за реанимација биле безуспешни. Веднаш била префрлена во најблиската болница каде во раните вечерни саати била константирана нејзината смрт.

 

Според извештајот на лекарите било константирано дека доживеала срцев удар. По прегледите шестгодишното момче било пуштено дома. 

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега