УМС на ВМРО-ДПМНЕ со панихида во чест на Драган Богдановски

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во 11 часот на Градските гробишта во Куманово организираше панихида за Драган Богдановски.

Со панихидата членовите на партијата му оддадоа почит на Богдановски.

-Драган Богдановски целиот свој живот го посвети за самостојна и суверена Република Македонија. Тука е неговата најголема улога. Во времето кога беше изложен на голема репресија на прогон, се откажа дури и од сопственото семејство, од целиот свој живот и го посвети на борбата за осамостојување на македонската држава, истакна професорката Виолета Ачковаска.

bogdanovski1

Ачковска додаде дека Богдановски оставил две многу важни препораки особено за младите генерации а тоа е единството во партијата и се залагал партијата и државата да биде сочувана од сите туѓи влијанија.

bogdanovski2

Драган Богдановски е роден на 18 септември 1929 во кумановското село Клечовце, а починал во Федериција, Данска на 31 мај 1998 година. Бил еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945 година и еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ.

bogdanovski3

-Најмалку што можеме да направиме за основоположникот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Драган Богдановски е да ја одржиме оваа панихида во негова чест. Од оваа година прераснува во традиционална панихида во негова чест и ќе се одржува секоја наредна година на овој датум, Димче Арсовски член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

bogdanovski4

УМС на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период го чествуваа неговото име преку трибини за историја и идеологија кои се одржуваа низ Македонија, како и преку документарниот филм за Драган Богдановски.

 

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега