Во железниците, во вагони и обнова на возен парк се инвестираат цели 50 милиони евра

Цели 50 милиони евра се инвестирани во железницата, со што се отвораат нови можности за компаниите и се подобрува удобноста на патниците.

Ова денеска го изјави премиерот Никола Груевски и потенцираше дека ваков износ не се инвестирал во последните 40 години.

-Досега се испорачани сите 150 товарни вагони чија вредност е 14 милиони евра, а од средината на јули па до крајот на годината следува етапно и постапно доаѓањето на шесте композиции, патнички вагони, коишто се во вредност од 25 милиони евра и коишто ќе го обноват патничкиот возен парк во Република Македонија во две третини од целиот патнички возен парк, изјави Груевски.

Премиерот посочи дека следната година се планира постапка и за последната третина, а за околу два месеци од сега се планира почеток на постапка за обнова на локомотивите.

-За постапката за обнова на локомотивите ќе се инвестираат околу 8 милиони евра, како и за обнова и реконструкција на железничките хали за околу 3 милиони евра. Се ова заедно е 50 милиони евра инвестиција во железницата, што е износ којшто не се инвестирал во таков износ во последните 40 години, потенцираше Груевски.

Тој додаде дека ова е добро за конкурентноста на македонската железница, но и за удобноста при патувањето на патниците и новите можности кои компаниите ќе ги имаат со товарните вагони.

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега