Прв хомосексуален брак во Албанија

Во Албанија е регистриран првиот брак меѓу двајца хомосексуалци, јави дописникот на МИА.

Станува збор за двајца Британци кои подолг период живеат и работат во Албанија.

Доналд Холдер и Мајкл Креан бракот го склучиле во британската Амбасада во Тирана.

Нивниот брак е прв кој јавно се склучува во Албанија меѓу две лица од ист пол.

На церемонијата присуствувале и двајца претставници на ЛГБТ заедницта од Тирана. 

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега