Го оставија во локва крв и побегнаа - брутално претепан маж

Тепачка во српската наслеба Трговишта. Добривоје. С (73) и неговите синови Игор (31), Малиша (30), Момир (29), Мирослав (23) и Срџан (20) се уапсени поради сомневање дека во Трговишта го претепале соседот Игор Љ (37) и му нанеле тешки телесни повреди. 

Според зборовите на очевидците, Игор Љ и Добривоје најпрво се скарале, и почнале да се тепаат среде локалниот пат во Трговишта. Како што дознава српски Курир, причината за тепачката била поради дрва. Инцидентот се случил во саботата попладне. 

- Сцената беше ужасна, Добривоје беше силен, па со нозе и раце почна да го удира Игор со кој претходно си разменуваше пцовки и навреди. На жестоката тепачка му се придружија и синовите на Добривоје. Несреќниот човек падна на земјата, а тие продолжија да го удираат и да го шутираат. Престанаа да го тепаат тогаш кога ја изгуби Игор свеста, го оставија во локва крв и побегна, вели очевидецот за српски Курир. 

 

 

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега