Семејството на загинатиот возач скршено: Не веруваме во искреноста на Стефан

Стефан Михајловиќ ми се јави на телефон кога слушна дека почина татко ми Драган. Рече дека му е искрено жал, но не можам да поверувам во таа приказна. Ова за српскиот Курир го раскажува Јована, ќерката на 54-годишниот Драган Радоичиќ возачот на Фијат пунтото со кое почина во страотна сообраќајна несреќа.

Младиот фудбалер Михајловиќ не само што ја предизвикал несреќата, туку и побегнал и го оставил нејзиниот татко на местото на несреќата.

- Се бореше три недели, за жал на крај ја загуби битката со животот, вели ќерката низ солзи.

Иако Стефан сведочел дека со неговиот татко викнале Брза помош откако го удриле човекот, тврдењата не се точни. Брза помош повикал случаен минувач кој се нашол на местото на несреќата, а возачот избегал од местото на настанот. Истито ден возачот дошол во полициска станица и се предал на полицијата околу 15 часот. Ќерката на веќе починатиот Драган вели дека не верува во солзите на фудбалерот.

 

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега