Измама: Им ги крадат парите наменети за работа во Германија

Гастарбајтерите од Балканот кои заминуваат за работа во Германија, надевајќи се на сигурна заработка, се почесто во таа уредена земја се жртви на разни измами.

Пример за тоа е хрватскиот државјанин, Дарко Јуришиќ, кој во фебруари, годинава, нашол работа во фирмата „Какор“ во Офенбах. Работната дозвола брзо ја добил и договрена му била плата од 10 евра на час во едно градилиште.

 

Но, се испоставило дека сопственикот на фирмата Дамир Карпински, е измамник кој по само една исплатена заработка, исчезнува без трага. Што е уште полошо со себе ги зема и парите кои се наменети за плати на работниците. Биле измамени околу 300 работници меѓу кои и 100 Хрвати,. Освен што останале без плата, останале и без кров над глава, затоа што фирмата од Офенбах не го платила ниту сместувањето на работниците.

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега