ФОТО: Страшна сообраќајка во центарот на Скопје

Едно лице е повредено во страотна сообраќајка во Центарот на Скопје. Како што пишува Курир, несреќата се случила на улицата „Јордан Мијалков“ во 22 часот и 30 минути кога 29-годишната М.Д. изгубила контрола над автомобилот БМВ со скопски регистерски таблички, удрила во бетонски ѕид од десната страна на улицата, по што преминала на левата страна и удрила во ѕид од сликарска работилица.

Во несреќата со повреди се здобил 52 годишниот Н.Ц. кој бил пренесен во Ургентниот центар, каде по укажаната помош си заминал.

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 12:09
Фото: 
КУРИР

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега