Скопјанец во борба со полицајци

Дваесет и осум годишниот Ф.Р. од скопско Љуботен нападнал и омаловажувал полициски службеници вчера утрината на автопатот Велес-Тетово.

Според податоците од полицијата, кај клучката Мирковци сообраќајната патрола при преземање службени дејствија над „Голф“ со скопски регистарски ознаки, биле  омаловажувани  од Ф.Д. и  истиот се обидел да им ги одземе службените акти при што во еден момент ја турнал вратата на службеното возило и му ја притиснал ногата на полицискиот службеник.

Кога истиот се обидел да го доведе во состојба на послушност, Ф.Р. му ја искинал кошулата по што е приведен во ПС-Чаир за понатамошна постапка.

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа