Пијано момче од гостиварско со автомобилот падна во река

Дваесет и седум годишниот М.И. од Чегране вчера излетал со своето возило од пат и завршил во река, на регионалниот пат Гостивар-Градец, на мостот на Маздрача во Неготино-Полошко. 

М.И. со автомобилот „Голф“ загубил контрола, удрил во оградата од мостот и слетал во реката, по што го оставил возилото и заминал, но набрзо е пронајден.

Причина за несреќата е пребрзо возење под дејство на алкохол, додека материјалната штета се проценува на 120 илјади денари.

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа