Се расветлува трагедијата во која викендов загина едно лице

Се истражува несреќата во која викендов едно лице замина во смрт на Магистралниот пат А1, делница Градско –Прилеп, пред Бензиската пумпа Црна река Петрол.

Се работи за возило марка БМВ 320 кое според првични сознанија било управувано од сега починатото лице, на возраст од 21-година. Во возилото, покрај возачот имало уште двајца сопатници.

Надлежен јавен обвинител го изврши Увидот во присуство на полициски службеници и крим техника  и било извршено мерење, скицирање, фотографирање и беа подигнати траги од местото на настанот. Јавниот обвинител даде наредба да се прибави крв од сите тројца учесници заради понатамошни анализи за присуство на алкохол во крвта.

Истрагата продолжува во насока на расветлување на причините за сообраќајната несреќа

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега