Тригодишно момче остана без мајка - лекарите се борат за неговиот живот

Тригодишниот А.А. кој е тешко повреден во судар на два автомобили во селото Малча крај НИш и понатаму се наоѓа во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.

Според зборовите на директорот на клиниката Анџелика Славковиќ здравствената состојба на повреденото момче е непроменета кога е примен на болничко лекување.

Тригодишниот А.А. во сообраќајна несреќа која се случи пред осум дена се здоби со тешко повреди на главата и опериран веднаш по примањето во Клинката за децка хирургија. Во сударот меѓу фиат, пунто и мерцедес загинаа мајката и бабата на детенцето, а шестмина лица се здобија со потешки и полесни повреди. Меѓу повредените се наоѓа и шестгодишно момче кое се здобило со полесни повреди.

 

Полицијата во Ниш не ги соопшти причините за судираот кој се случил на патот Ниш-Сврлјиг, но според неофицијални информации до сударот дошло откако возачот на фиатот, изгубил контрола над возилото и преминал во спротивен правец.

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега