Четворица скопјани тешко повредени

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 11 се полесно повредени во 18 сообраќајни несреќи што се случиле во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје. Од вкупниот број сообраќајки четири се со последица материјална штета и 11 се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, тројца пешаци, двајца велосипедисти и четворица мотоциклисти.

Случени се и три незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца возачи на мопеди и еден возач на мотоцикл.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирала 15 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Од нив 12 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 19 возачи  непрописно се престроиле пред крстосница, односно не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, пет пешаци поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци, ако и четворица возачи на мопеди и мотоцикли кои не носеле заштитен шлем за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 68 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега