Новите фабрики со полна пареа: Велес го враќа приматот на индустриски град

Фабриката „Маркарт“ со полна пареа работи пред почетокот на производствениот процес. Повеќе од 100 вработени веќе започнаа со редовна работа во фабриката.

-Оние простории што ние им ги отстапивме како Општина на Маркарт компанијата привремено да им биде сместено раководството ни ги вратија завчера со допис со голема благодарност и целокупната администрација се повлече во самата фабрика и од таму веќе си ги тераат работите односно си ги вршат сите активности што им се замислени со производствениот процес со примањето на работници, со целокупното средување на фабричката околина, потенцира Славчо Чадиев, градоначалник на Општина Велес.

Инаку, Маркарт вработува околу 600 лица, што значително влијае врз економското заживување на градот.

Интензивното отворање на работни места продолжува со изградба на уште неколку фабрики во индустриската зона Караслари. Германската фирма „Јапоне“ која ќе произведува медицински помагала е во завршна фаза пред отпочнување на изградбата на фабриката.

-Треба во рок од 2 месеца да поднесат документација, да си платат комуналии и да започнат со градба, меѓутоа можете да видите одма пред Маркарт, Хемомак Пестициди веќе ги има поставено темелите, првите столбови се извлечени така да очекуваме многу брзо и тој процес да заврши и тој погон да биде направен, вели Чадиев.

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега