Жените и девојките во страв - Манијак напаѓа во Карпош

Жителите од населбата Карпош 4, веќе подолго време се соочуваат со огромен проблем. Имено, во доцните ноќни часови скоро и да не можете да видите сама девојка, бидејќи по улиците слободно шета манијак кој редовно трча по нив и се обидува да ги силува, пишува Калимеро.мк.

 

- Веќе неколку недели воопшто не се осудувам сама да шетам низ населбата. Еднаш и мене ме бркаше, но успеав да му избегам. Тој е доста впечатлив, има околу триесетина години, вози сив тркачки велосипед и секогаш на вратот носи марама, која ја става врз своето лице кога има намера да нападне – вели С.Ј, жителка на Карпош. Според жителите, случајот е пријавен во полиција. 

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега