Судење: Дојдов пијан на протестите на СДСМ - не се ни сеќавам дека се тепав со полицијата

Дојдов пијан на протестот на СДСМ пред Владата. Не се сеќавам што се случувало. И видов доказите и ја признавам вината. Вака еден од обвинетите за насилните протести на СДСМ пред Владата кога беа поредени над 30 полицајци му се обрати на Судот.
Тој призна дека долго време има проблеми со алкохолот и дека се лечел од таквата зависност.
Уште едно лице ја признало вината велејќи дека немал намера да го стори делото, односно дека забележал како газат постара жена па сакал да помогне, по што дошло до туркање о полицијата.
Две лица ја негирале вината и најавиле докази во понатамошниот тек на постапката.

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега