Балканците го создадоа најголемиот нарко картел во светот

Криминалци од Србија и Црна Гора го контролираат подземјето во Австралија, а имаат врски и со бандите во Колумбија, Мексико и Азија, пишуваат австралиските медиуми.

Како што пренесува Daily Telegraph, големото истражување на News Corp Australia открило низа детали за еден од најголемите нарко картели на светот, кој го водат луѓе од Балканот. На чело на картелот наводно се наоѓаат имигранти од поранешна Југославија, „некогашни истакнати фигури на подземјето“, чија база во деведестите години бил „Кингс Крос“, сиднејскиот центар на ноќниот живот, но и на криминалот.

Како што тврди весникот, сите тие кон крајот на минатата деценија навидум се повлекле од криминалот, ја напуштиле Австралија и се вратиле на Балаканот. Меѓутоа, новата истрага покажала дека тие внимателно го испланирале своето враќање и создале криминална мрежа ширум светот.

„Дрогата во Австралија се внесува и дистрибуира благодарејќи на локалните моторџиски банди, а картелот сега ‘активира агенти спијачи’ во втората и третата генерација на австралиски криминалци за да го довршат она што во суштина претставува смена на генерациите во подземјето“, пишува во истражувањето.

Еден полициски претставник изјавил дека оваа криминална организација е најголема опасност за Австралија, заблагодарувајќи на цврстите основи, дисциплината и влијанието во локалните населби.

„Коренот на проблемот беше засаден кога поранешниот претседател на Југославија и Србија, Слободан Милошевиќ ја спонзорираше селидбата на криминалните фамилии во Австралија, за време на осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век“, стои во истражувањето.

Како што се наведува, австралиската полицијата востановила дека извесен број од озогласените криминалци за кои се верувало дека се повлекле во деведесеттите години се вратиле на чело на картелот, и тоа од своите бази во Србија и Црна Гора. Мрежата наводно е предводена од пораншениот криминалец од „Кингс Крос“, Васо Улиќ, кој во Австралија отишол во 1979-та година, за потоа да ја напушти во 2005-та година.

Оваа мрежа во Австралија наводно годишно внесува најмалку шест тони дрога – кокаин и и екстази. Дополнителен проблем претставува тоа што Австралија нема договор за екстрадиција со Црна Гора, иако полициите на двете земји веќе соработуваат на овој случај. Црногорското обвинителство за News Corp потврдило дека има досие за Улиќ.

Како што пренесува подгоричкиот дневен весник Вијести, криминалната група која се наоѓа под лупата на државните органи на Австралија, САД, Британија и Италија, ја предводат државјани на Австралија, на чело со Улиќ. Дрогата од Јужна Африка ја шверцуваат и во Европа, Кина и Нигерија.

 

 

Оцени ја веста

02.06.2015 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега