Иван влегол во банка да плати рата за кредит - нема да верувате што барал од службеничката

Иван Марас од Хрватска се решил да и го загорчи животот на службеничката на шалтер во банка. 31-годишниот Иван го земал плаќањето кредит од својот татко пензионер и дошол на шалтер каде службеничката му рекла да пополни налог од 3420 куни. Сепак, клиентот тогаш и соопштил нешто со кое и го загорчил животот.

Имено, како што пишува Ексклузива.ба, тој се решил да и го загорчи животот на работниката па порабар за секоја куна да му изготви платен налог.

- Сакав да види како е, да им го загорчам животот како што ми прават тие мене и на моето семејство со години. Пред некое време ја обжаливме одлуката на Врховниот суд за начинот на отплата, а бидејќи не ни излегоа во пресрет, сакав да се одмаздам, вели Иван.

Тој додава и дека службеничката без приговор почнала за секоја куна да прави платни налози и дека нема што да каже за нејзината коректност и професионалност. Секако додека таа ги принтала налозите се собрала голема толпа луѓе кои чекале ред на кои и м било непријатно. 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега