Болна сум од рак за да ме лекуваат, докторката ми ја бараше куќата

Исповед на 67-годишната Радмила Мариќ од Србија. Радмила која боледува од рак раскажува како докторката сакала да и ја земе куќата за да ја лекува. 

-Вакво нешто не сум доживеала досега. Наместо да добијам медицинска помош која ми е потребна, или барем убав збор и насмевка јас бев избркана од болницата на најгруб начин и препуштена на Божјата волја - Бог да одлучи дали ќе преживеам или не, рекла пензионерката 

 Таа се лечи во домашни услови освен кога оди во болница за да прими хемотерамија. Кон средината на минатиот месец Радмила имала висока температура. Во саботата, на 16 мај Брза помош ја пренела до хирушкиот центар каде добила упат до клиниката за онкологија во Крагујевац.

-До толку бев изнемоштена по што морав да се движам во количка, а до клиниката ме донесоа пријатели бидејќи живеам сама. Таму ме пречека д-р Јасмина Недовиќ која ми рече "Баш денес ти се повраќа и тоа во ова време во сабота. И што ако не ти е добро, таква е болеста". Побарав инфузија со цел да застанам на нозе но докторката ми се изнасмеа во лице. Ми рече дека тие не се социјална институција. Без ронка срам ми кажа дека доколку и ја препишам куќата и пензијата ќе се грижи за мене. А ако не ми се допаѓало во оваа земја тогаш најдобро ќе биде да си заминам, исто како што брат и си заминал, додава болната Радмила.

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега