Фатен огранокот на криминалната група „Пинк Пантер“

Шест луѓе државјани на Србија, БиХ и на Црна Гора кои се уапсени во загрепската населба Сигет под сомнение дека планирале ограбување банки, се огранок на бандата Пинк Пантер, објави Јутарњи лист.

Тие се уапсени вчера во голема полициска акција.

Весникот додава дека со тоа „полицијата спречила добро испланирана серија крвави разбојништва во финансиски институции во метрополата“. 

Во станови и гаражи кои ги користеле, запленети се повеќе бомби, динамит, оружје и муниција. Криминалната група украла и три автомобили кои требало да ги користат при ограбувањата и потоа да бидат запалени

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега