Албанец пазарел со фалц евра во Струга

34-годишниот В.Џ. од Албанија си купувал со фалц евра. 

На 24-ти минатиот месец, пријавениот во продавница во Струга купил електро опрема и притоа платил со фалсификувана банкнота од 20 евра. Настанот се случил околу 13 часот кога сега тој со други 3 лица од Албанија пристигнал во Струга со намера да купат автомобил. Во продавница за електро опрема лоцирана во градскиот пазар, сега пријавениот купил електро опрема во вредност од 250 денари пришто на вработените им понудил банкнота од 20 евра. Тие, по извесно време откако се посомневале дека се работи за фалсификувана банкнота, настанот го пријавиле во полициска станица по што В.Џ. е пронајден во близина на пазарот.

По наредба на јавниот обвинител, во Народната банка на Република Македонија во Скопје извршено е вештачење на спорната банкнота од 20 евра и констатирано е дека банкнотата е фалсификувана.

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега