Банките нашле начин да профитираат: Ако извадите 100 евра од банкомат ќе загубите околу 500 денари

Доколку летово се најдете во Хрватска најдобро ќе биде ада не вадите пари од банкомат, пишуваат хрватските медиуми. Според текстовите објавени таму, банкоматите на неколку хрватски банки им обезбедуваат значителен профит на банките така што за едно евро наместо 7,5 куни, колку што е курсот во Хрватска, исплаќаат суми под 7 куни.
Преведено во „наши“ пари, наместо околу 61 денар за евро, исплаќаат околу 56 денари.
Хрватските медиуми велат дека банките вовеле т.н. “динамичен курс“ кој во текот на туристичката сезона ќе им овозможи значителен профит, или на 100 евра, тие ќе заработат околу 500 денари.
Македонските туристи често ја избираат Хрватска како своја дестинација за летниот одмор. Затоа, препораките се да не вадите пари во кеш од банкоматите. 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега