И репетирале пиштол на професорката за да го земат дневникот - драма во Основно училиште

Полицијата во Србија уапси двајца малолетници кои упаднале во основното училиште Васа Пелагиќ во Котеж со пиштол за да го земат дневникот.

Според пишувањата на српските медиуми, учениците ја признале вината во полиција и раскажале дека влегле зошто дете од споменатото одделение, ги замолило да упаднат на час и да го украдат дневникот зошто имало лоши оценки. Кај нив е пронајден пластичен пиштол, како и нож и фантомки. Украдениот професорски дневник според нивното признание го фрлиле во канал, а го земале откако и репетирале пиштол на главата на учителката.

Истрагата на српската полицја е во тек.

 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега