„Мажот ме тепаше, а свекрвата гледаше и уживаше“

Потресна исповед на Р.Б од Србија. Цели 30 години  трпела малтретирање и семејно насилство и дозволувала свекрвата да им го уредува бракот, а со време нејзиниот сопруг почнал да ги слуша и спроведува мајчините совети со ќотек. Како што раскажала несреќната жена, тепани биле и таа и нејзините синови.

- Кога беше најбрутален мислев дека ќе ми ги скрши сите коски, изјавила Р.Б. за српски "Блиц".

 Р.Б се обвинува што претходно не собрача храброст и да им се спротистави на нејзиниот сопруг и свекрва и да стави крај со семејното насилство. 

 -Никогаш не постоеше никаков договор со него. Ќе ветеше дека ќе престане да ме тепа, па пак за некое време иста песна. Секогаш правеше тоа што сака и што ќе науми... или тој или неговата мајка. На крајот на целата приказна влезе и алкохолот кој само ги влоши работите. И покрај тоа што знаев некогаш да и се пожалам на неговата мајка дека малтретирањето ги преминува сите граници, таа никогаш не реагираше, дури ни кога беше сведок на ќотекот кој го добивав. Гледаше и уживаше, вели несреќната жена. 

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега