„Земи или остави“ ден за Грција, Ципрас нема план Б

Нема план Б за Грција, изјави денеска еврокомесарот за економски прашања Пјер Московиси.

- Нашата цел е посилна грчка економија во рамките на еврозоната, истакна Московици и додаде дека сите работат многу напорно за да се избегне „грегзит“.

- Деноноќно работиме на единствено решение за да и помогнеме на земјата да надмине некои големи предизвици и тешкотии, рече еврокомесарот и изрази надеж дека во наредните неколку дена ќе биде постигнат договор.

Во меѓувреме, како што јави дописникот на МИА од Атина, претставник на еврозоната информира дека претседателот на еврогрупата Јерун Дејселблум ќе присуствува на денешните разговори во Брисел со грчкиот премиер Алексис Ципрас за тоа кои реформи Грција ќе мора да ги спроведе за да добие уште средства од кредиторите.

На состанокот, кој треба да почне вечерва, ќе учествуваат и претставници на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд - институциите кои преговараат со Грција во името на меѓународните кредитори.

На Ципрас ќе му бидат презентирани детали од последниот предлог на кредиторите со кој би требало да се одблокира финансиската помош за Грција со цел земјата да избегне банкрот.

Ципрас во Брисел ќе се сретне и со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

- Ќе одам да му објаснам дека денеска, повеќе од кога било, е неопходно кредиторите и главно политичкото раководство на Европа да покажат реализам, изјави Ципрс пред да замине за Брисел.

- Ни треба единство, мора да избегнеме поделба (на Европа). Сигурен сум дека политичкото раководство на Европа ќе го направи она што треба, нагласи грчкиот премиер.

 

 

Оцени ја веста

03.06.2015 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега