Гостивар: 16 годишно девојче се бори за живот - испила шише Доместос

Шеснаесет годишно девојче од Гостивар вчера вечерта било донесено на Ургентното одделение во гостиварската болница откако се затрула со неутврдена количина средство за хигиена „Доместос“.

-Девојката, која била во неконтактибилна состојба, половина час пред тоа во својот дом испила вакво средство и поради влошената здравствена состојба, а по укажаната лекарска помош, со медицинско возило итно е префрлена на скопските клиники, информираат од СВР Тетово.

Полицијата ги расветлува сите поединости поврзани со труењето - дали сама го испила средството или некој ја наговорил или и го подметнал, односно дали станува збор за обид за самоубиство или нешто друго.  

Годинава, на поширокото Полошко подрачје вкупно регистрирани се 17 обиди за самоубиство, од кои 10 во првото тримесечие, во најголем број труења со таблети (седативи), алкохол и со хемиски средства, како и 3 самоубиства, од кои 2 биле извршени со употреба на огнено оружје и 1 со бесење.

Најчести причини за труењата се семејни недоразбирања, нервни растројства, болест, невозвратена, односно откажана љубов, слаб успех на училиште и друго.

Меѓу оние кои годинава посегнале по сопствениот живот, најбројни се женски лица на различна возраст, а се среќаваат и малолетници.

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега