Утврден идентитетот на 22 годишното момче кое утрово загина во сообраќајка во Скопје

Половина час по полноќ, во Скопје, во сообраќајка меѓу три возила загина 22-годишниот Амир Б., соопшти полицијата.

 

Имено, во четвртокот, околу 00.30 на ул.„Лазо Трповски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.А.(20), автомобил „ровер“ со скопски регистерски ознаки управувано од Амир Б.(22) и автомобил „сеат“ со скопски регистерски ознаки управувано од Б.Е.(42) сите од Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил Амир  Б. кој со возило на брза помош е префрлен во Ургентниот центар во Скопје каде им подлегнал на повредите.

Со телесни повреди се здобиле С.А, Б.Е и сопатниците : Б.А,(24), Е.И.(21), А.Е.(19) и А.Е.(18).

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот

 

 

Оцени ја веста

04.06.2015 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега